Ваљда оваа тема не е разработена во субредитов па еве јас ќе ја почнам .
Пред одредено време сум вклучен во процесот што значи ЕУ фондови. Значи имам одредени познавања од пишување проекти , аплицирање , реализација и завршни извештаи. Но ме изненади фактот дека ако немаш добар консултантски тим ти како поединец не би направил скоро ништо.
И сега следи дали продавам нешто. Не.
Сакам да ги објаснам работите дека сеуште немаме доволна информираност дека буквално за се може да се земе грант ако има добар тим позади тебе.
И сега следи за што може да се земе грант. Моментално најчувствителни теми се екологија, производство, храна и енергетика. Дали може секоја компанија да земе. Да . Разработивме неколку идеи уствари над 10 кои што сеуште не се реализирани а имаат потенцијал.
Ајде да почнеме дискусија каде што јас се нафакам да предложам добри насоки и конкретен повик каде што може да се аплицира .
Да се објасниме што спаѓа и зашто не ги користиме.
- Компанија х има потреба од фотоволтаици и батерии за да намали дел од трошоците за струја на своето производство.
- Компанија х е софтверска и сака да креира продукт но не сака да даде свои финансии. Да, Европа дава грантови и за тоа. Следно има продукт но сака комерцијализација на светско ниво. И за тоа дава.
- Компанија х произведува храна и сака да го зголеми капацитетот со нови машини. Да постои програма и грант за тоа
- Компанија х произведува текстил и сака нов производ со нов иновативен производствен процес. Секако дека постои грант.
- Компанија х сака да инвестира во сместувачки капацитети хотел, бунгалови, куполи. Нормално дека има грантови за ова
- Компанија х е во графичка индустрија о сака нов производствен процес со 0 вода и со струја од сопствени извори. Да да
- Ја имаш најлудата идеја која што веруваш дека може да го промени светот . Да ( оваа програма е најинтересна за нас Македонците ама мислам дека само на идеи сме јаки).
- Компанија х сака да го намали штетното дејство од издувните гасови од производство но нема финансии за филтри .
- Компанија х има отпад и сака да инвестира во машини за преработка од едно во друго но се премногу скапи.
- Компанија х сака од сегашното производство кое што бара многу работна сила да се имплементира дупло поефикасен процес кој што ќе бара само 1/4 вработени за дупло поголемо производство. Со примена на автоматика и со финансии. Нормално.
Има уште еден куп идеи кој што со тек на време ќе се реализираат.
Ајде да видиме дали знаеме што сакаме а за грантови секако дека има.
Многу битна работа. Грантот не е за да се земат финансии и ништо после тоа купување коли и одмори. Не не. Строго се наменети за компании што сакаат раст а не за друго.