Веќе подолго време работам на eMakedonija, бесплатна стратегиска игра во web browser, целосно сместена во Македонија.
За што се работи:
- Картата е поделена на 8 региони и 80 општини, а секој играч му припаѓа на еден регион.
- Работиш, тренираш, отвораш фирми и тргуваш на пазарот.
- Гласаш на избори, се кандидираш за градоначалник или совет, основаш партија.
- Пишуваш статии во свој весник и се здружуваш во воени единици.
- Се бориш во битки за да освоиш општини за својот регион, или да ги вратиш со војна на отпорот.
Демо период: играта е во демо фаза, отворена за најмногу 100 играчи. Секој играч добива 400 злато и 1.000 денари за да може слободно да проба сè. На официјалното пуштање сè освен сметката ќе се ресетира, па слободно експериментирајте.
Играта е на македонски, англиски и албански и работи и на телефон.
Најмногу ми значат вашите мислења: што ви се допаѓа, што е збунувачко и што не работи. Во играта има „Контакт со тимот“ за грешки и идеи, а можете да пишете и тука во коментарите.
Оние кои ќе бидат учесници во демото редовно, ќе бидат наградени на денот на официјалното пуштање на играта.
👉 https://emakedonija.mk
Фала однапред и се гледаме на бојното поле! ⚔️