r/macedonia • u/JohnCringeton • 5h ago
📢 Announcements / Соопштенија Мал open-source проект за следење прекини на струја и вода, достапност на интернет, пожари, земјотреси, квалитет на воздух и други нешта кај нас – glb.mk
Здраво другари,
Веќе некое време во слободно време работам на едно проектче - glb.mk, па сакав да споделам тука и да слушнам мислења.
Идејата тргна од тоа што ми здосади да копам по Facebook или да отворам 100 различни страни (од кои пола едвај работат) само за да проверам дали/зошто нема струја, вода или интернет, какво ќе е времето, каков е воздухот, каква е ситуацијата со пожарите или колку се горивата. Па си реков ајде да пробам да го соберам сето тоа на едно место.
Во суштина, glb.mk влече јавно достапни податоци од различни места, ги средува, ги пакува и ги прикажува на едно прегледно место.
Моментално опфаќа:
- прекини (струја, вода и сл.)
- достапност на интернет по општини и по ISP
- квалитет на воздух (државни и приватни мерни станици)
- метео предупредувања
- пожари
- земјотреси
- цени на горива
Има и отворен RESTful API ако некој сака да си игра со податоците.
Да бидам искрен, кај нас јавните податоци се прилично расфрлени и ретко каде има саглам API или воопшто ажурни известувања, така што голем дел се сведува на снаоѓање и копање на тоа малку што е достапно. Не е совршено и има простор за средување, ама за сега се надевам барем до некаде врши работа.
Целиот проект е open-source, нема логирање, нема реклами, и си го хостирам сам на домашен сервер. Ако имате слободно време, ѕирнете го – секој feedback, забелешка или идеја за некој друг локален извор што вреди да се додаде е добредојден.